22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција одбележува една година од терористичкиот напад во Истанбул

Турција одбележува една година од терористичкиот напад што се случи во Истанбул, при што напаѓач уби 39 лица и рани 79 во ноќен клуб, пишува весникот „Хуриет“ .

Нападот го изврши човек со потекло од Узбекистан, член на терористичката група „Исламска држава“.

Сторителот беше фатен на 16 јануари, а против него има 40 судски казни под обвинение за масовно убиство, членување во терористичка организација, нелегално поседување оружје и други.

На одбележувањето на годишнината беа поставени фотографии од жртвите, пред коишто се поклонија членови на странски дипломатски претставништва, меѓу кои конзулите на Палестинската автономија, Канада и Египет. Муслимански, христијански и еврејски свештеници одржаа комеморативни молитви во спомен на загинатите.

Спонзорирано: