18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хан: Годинава ќе биде одлучувачка за Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување на Унијата, Јоханес Хан изјави дека 2018-та година ќе биде клучна за Западен Балкан.

„На крајот на оваа година, полна со предизвици, сакам да им се заблагодарам на сите наши партнери кои се наоѓаат поблиску или подалеку од нас, за посветеноста во нашата соработка во 2017-та година. Треба да се гордееме од вкупните постигнувања и да ги засилиме напорите, бидејќи сѐ уште има многу работа што треба да се заврши“, напиша Хан во социјалната мрежа „Твитер“.

Според него 2018-та година ќе биде одлучувачка за Западен Балкан и ќе претставува можност за уште поблиска соработка со партнерите во борбата за надминување на заедничките предизвици.

„Им посакувам сите наши партнери, политичари или граѓани, мирна и успешна Нова година. Ја градиме нашата иднина заедно во името на нашите деца!“, порача Хан.

Спонзорирано: