12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, а оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.