17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најголемата трагедија за Нова година – Mомче на 20 минути пред полноќ го убило целото свое семејство во Њу Џерси

Шестнаесет годишно момче од Њу Џерси, ги убило своите родители, сестра си и семејната пријателка во нивната куќа, пукајќи со полуавтоматска пушка.

Обвинителството соопшти дека тинејџерот ќе биде обвинет за четирикратното убиство, што се случило синоќа 20 минути пред Нова Година во градот Лонг Бранч.

Засега не се познати мотивите за убиството, а пушката со којашто било пукано била регистрирана на еден од членовите на семејството.

Името на момчето не е објавено, а жртви се родителите Стивен (44) и Линда (42), 18 годишната сестра Британи и 70 годишната Мери Шулц која живеела со нив.

Момчето ги поштедило неговите баба и дедо.

Спонзорирано: