9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа во Новата година ја потресе Македонија – две момчиња се борат за живот

На 01.01.2018 година околу 03.30 часот на ул.„Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над патничко моторно возило “Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки и удрил во пешаците кои во тој момент ја преминувале улицата: К.К (19), Б.Д (18), Ф.К(18), сите од Велес, а потоа удрил и во потпорен ѕид од камења.

Со возило на Итна медицинска помош во Општа болница Велес пренесени се пешаците К.К и Ф.К каде им се констатирани тешки телесни повреди, препратени се во Клиничкиот Центар -Скопје и се наоѓаат во животна опасност.

Увид е извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.