14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин потпиша: До 10 години затвор за закана за бомба

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се пропишува двојно поголема затворска казна за „телефонски тероризам“ – од пет, на десет години затвор.

Ос септември годинава, во околу 180 руски градови се случија голем број лажни дојави за бомби, а евакуирани беа повеќе од 3.000 објекти.

Евакуациите некогаш предизвикуваа големи проблеми во сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи во земјата, претходно соопштија дека најголем број закани биле упатени од Сирија.