11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иранскиот парламент на вонредна седница поради протестите

Иранскиот парламент ќе се состане на вонредна седница на 1-ви јануари, во врска со протестите во земјата. Ова го најави претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика, Камал Дехкан Фирусабади.

„Во врска со неодамнешните инциденти во некои ирански градови, ќе одржиме средба со релевантните функционери“, рече тој.

Според него, пратениците треба да разговараат за начините за спречување на протестите.

Претходно, заменик-гувернерот на иранската провинција Лурестан, соопшти дека во саботата, за време на несанкционираните антивладини демонстрации во градот Доруд, загинале две лица.

Според властите, полицијата немала вина за смртта на демонстрантите.

Спонзорирано: