Американскиот претседател Доналд Трамп повторно даде поддршка за демонстрациите во Иран.
Тој наведе дека конечно луѓето сфаќаат дека нивните парите се украдени од нив и се потрошени на тероризам.
„Големи протести во Иран. Луѓето најпосле сфаќаат дека нивните пари и богатство се украдени и потрошени на тероризам. Изгледа нема да издржат уште долго“, порача Трамп на социјалната мрежа „Твитер“ и нагласи дека САД внимателно следат дали постои кршење на човековите права.
Како што претходно пренесе „Си-ен-ен“, американскиот претседател ги поддржа протестите во Иран и наведе дека репресивните режими не можат да траат вечно.
„Целиот свет разбира дека добрите граѓани на Иран сакаат промени и дека од иранските лидери, освен американските воени сили, најмногу се плашат иранските граѓани“, порача синоќа Трамп.
Тој додаде и дека ќе дојде денот кога граѓаните на Иран ќе имаат избор и напиша дека светот гледа што се случува.
Во неколку поголеми ирански граѓани за време на викендот се случија протести, а властите соопштија дека се упасени околу 50 лица.