5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Одобрувањето на азил за турскиот пилот ги влоши односите меѓу Турција и Грција

Веста дека е одобрен азил за еден од осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција, по неуспешниот обид за пуч во Турција, ги разниша грчко-турските односи.
Анкара ја предупреди Атина дека одлуката ќе има последици врз билатералните односи, а Атина бара од Анкара почитување на демократските принципи.

Министерството за надворешни работи на Турција, преку соопштение, ја обвини Грција дека со давањето азил е земја која ги заштитува пучистите. Грчкото МНР денеска, како што јавува дописникот на МИА од Атина, излезе со писмен одговор.