13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во судир на камион и автобус во Кенија, 36 загинати

Најмалку 36 луѓе загинаа, а 16 се повредени при судир на автобус и камион на магистрала во Централна Кенија, соопшти локалната полиција.

„Сите тела се извадени, а повредените се пренесени во болница во градот Накуру“ изјави началникот на полицијата во областа Рифт, Зеро Ароме.

Како што се наведува, автобусот се движел кон престолнината Најроби, додека камионот кон градот Елдорет. Според проценките на полицијата, на автобусот му откажале сопирачките.

На патиштата во Кенија, секоја година животот го губат околу 3.000 луѓе, пренесува АП.

Спонзорирано: