23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Најснаодливиот патник на светот: Го прелетал половина свет во прва класа, а не платил ниту денар!

Писателот Скот Кејс (28) прелетал повеќе од 30 илјади километри, при што посетил 13 земји, и сето тоа – бесплатно. Тој своето двомесечно патување го испланирал до танчина.

Скот ги посетил Мексико, Никарагва, Тринидад и Тобаго, Санта Лусија, Гренада, Германија, Чешка, Украина, Бугарија, Грција, Македонија, Литванија и Финска.

Кејс бесплатната авантура ширум светот ја добил благодарение на таканаречените „бесплатни миљи“ и поените од своите 25 кредитни картички. Секогаш кога би купил нешто со своите картички, добивал таканаречени „поени за бесплатно летање“.

Внимателно собирал поени секогаш кога ги користел своите кредитни картички, додека не „натрупал“ доволно за единствена обиколка на 13 земји.

Неговиот пат вклучува и бесплатен престој во хотели и лет со прва класа. Не звучи лошо, зар не?