24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија: неочекувано почина поранешниот вереник на Северина

Почина некогашниот вереник на познатата хрватска пејачка Северина, познатиот хватски футсал играч и основач на Футсал Динамо, Мате Чуљак.

Трагедиајата се случила неочкувано на натпревар каде Чуљак паднал и подоцна починал.

Неговите соиграчи и лекарите брзо му пружиле помош, па веднаш бил однесен во најблискиот ургентен центар, каде потврдиле дека тој веќе ја загубил битката за животот.

Големата трагедија ги потресе сите кои учествуваа на овој куп во Хрватска, посебно бидејки Мате Чуљак бил во доста добра здравствена ситуација, а не е потврдено се уште дали станува збор за некој срцев удар.

Потсетуваме дека две години после секс скандалот, Хрватската пејачка Северина пронајде љубов во Мате Чуљак со кого беше во врска година ипол. Ја запроси, но раскинаа неколку денови пред нејзиниот 35-ти роденден.