16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трагедија го зави Скопје во црно: Еден загинат во сообраќајка, двајца тешко повредени

Едно лице загинало во една од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки биле потешко повредени две лица, а три лица биле полесно повредени во една сообраќајка.

Во пет била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала неколку прекршоци. Петнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач поминал на крстосница на црвено светло. Од сообраќај биле исклучени девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, како и седум возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 107 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.

Спонзорирано: