10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
СВЕТ

Директорот Иља Аверјанов со оружје дивееше во канцелариите на фабриката – полицијата го уапси

Уапсен е директорот на фабриката „Маншевик“, Иља Аверјанов, кој вчера отвори оган во зградата на компанијата при што загина еден човек и беа повредени уште други две лица.

Потоа тој побегнал и се скрил во една од зградите на фабриката, поради што во тој дел од Москва вчера беше прогласена вонредна ситуација. Во акцијата за негово пронаоѓање беа ангажирани и специјалци, а целата област беше под опсада на полицијата.

Во моментов во тек е испрашување на уапсениот, по што тој ќе биде предаден на окружниот суд.

Според, Јуриј Титов, шеф на прес-службата на московската полиција, осомничениот бил пронајден на територија на организацијата лоцирана на улицата „Правда“ во рускиот главен град.

Според истрагата, во средата наутро Аверјанов „влегол во вербален конфликт“ со актуелното раководство на фабриката, почнал да пука, по што се скрил на територијата на фабриката „Меншевик“.

Московското обвинителство објави дека Аверјанов почнал да пука во моментот кога извршителите дошле во компанијата со цел да го наплатат долгот.

Спонзорирано: