17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза – еве што најавуваат со времето

Времето денеска под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите кои периодов се почести во западните делови, до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Утре ќе има слаб локален дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните делови ќе има слаб снег. Во деновите од викендот ќе биде стабилно и суво, во сабота ќе дува умерен северен ветер, а во недела и понеделник по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Во текот на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно со температура која ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.