14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Израел нема да дозволи иранските вооружени сили да останат во Сирија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата земја ќе се спротивстави на престојот на иранските вооружени сили во Сирија.

„Ние ја чуваме нашата безбедност држејќи се до јасна политика дека нема да дозволиме силите на иранската армија да останат во Сирија за да нè нападнат“, рече Нетанјаху.

Додаде дека ќе дејствуваат во насока да спречат производство на смртоносно оружје насочено против нив.