11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хан: 2025 е амбициозна, но реална цел за некои балкански држави

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, смета дека 2025 како датум за евентуален прием на некои земји кандидати од Балканот е амбициозна, но реална цел.

„Претседателот на Европската комисија изјави дека за некои кандидати 2025 е можен датум за пристапување. Тоа е амбициозно, но од друга страна и реално“, изјавил Хан во интервју за австриските медиуми.

Прашан дали Каталонија ќе ја напушти ЕУ, тој рекол дека сите учесници треба да му се вратат на дијалогот.

„Резулттаот од изборите не ја олесни ситуацијата на теренот“, рекол Хан.

Во врска со постапката на ЕУ против Полска, тој истакнал дека нема опасност за поделба на Унијата.

„Се соочуваме со одредени околности дека во некои земји владеењето на правото, како на пример почитувањето на судските одлуки, сé уште не е доволно развиено“, додал Хан.

Во врска со иднината на ЕУ, европскиот комесар за проширување потсетил дека Комисијата претставила пет опции за реформа на Унијата и изразил надеж дека ќе биде постигнат договор околу една средишна позиција.

„Основата ќе биде концентрација на големи, глобално релевантни теми и препуштање на другите теми на националните држави“, објаснил Хан.