3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина ќе го промени Уставот за Џјинпинг да остане на власт и по 2022?

Политбирото на Комунистичката партија на Кина наредниот месец ќе разговара по предлогот за промена на Уставот на земјата, која би била прва по 2004 година.

Според информациите што ги пренесоа светските медиуми, одлуката била донесена на денешниот состанок што го водел кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, но не се прецизира за какви промени во Уставот станува збор овој пат, кој е усвоен во 1982 година и оттогаш променет пет пати.

Со оглед на тоа што при претставувањето на новото партиско раководство во октомври годинава Џјинпинг не прецизира кој би можел да биде негов наследник, во медиумите со појавија шпекулации дека кинескиот претседател, најверојатно, сака да остане на функцијата и по 2022 година.

Инаку, според сегашниот Устав, шефот на кинеската држава може да служи само два мандата од по пет години, а во случајот со другите две функции што во моментот ги извршува Џјинпинг – лидер на партијата и командант на армијата, не постојат ограничувања.

Спонзорирано: