20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза – времето со многу пресврти до нова година

Времето денеска ќе биде сончево со мала до краткотрајна умерена облачност поголема на североистокот, која до крајот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде релативно топло за овој период од годината. Ќе дува претежно слаб северен ветер, а температурата ќе се движи од 7 до 16 степени.

Во Скопје исто така ќе биде сончево со мала облачност. Ќе биде и релативно топло, а ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 14 степени.

До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време за овој дел од годината. Од вторник до четврток наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе има мала до повремено умерена облачност претежно на западот. Од четврток наутро ќе има зголемена облачност и од запад ќе почнат врнежи од дожд кои потоа ќе се префрлат и на исток.

На високите планини овие врнежи ќе бидат од снег. В петок врнежите ќе се помали, но ќе е постудено па слаб снег ќе има и на повисоките места, особено на северозападот и северот од земјата.