20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов упати честитка до верниците кои денеска го прославуваат Божиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

„Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови да ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ“, стои во честиката на Иванов.

„Празнувајќи го Божиќ ние се потсетуваме на еден од најзначајните моменти во историјата – денот кога Синот Божји поради љубовта кон човештвото се отелотвори и стана човек. Поистоветувајќи се со нас, Христос ни овозможи и ние да се поистоветиме со Неговите заповеди – да имаме љубов кон Бога и солидарност кон нашите ближни, да простуваме за да ни се прости, да бидеме милостиви заради милоста што веќе ни е укажана. Рождеството Христово – Божиќ како еден од најсветлите и највозвишени денови во христијанството треба да нè поттикне кон меѓусебно разбирање и почитување како услов за успех на општеството“, наведува македонскиот претседател во честитката.

Со таа мисла, упатувам искрени желби за мир, љубов и заедништво, бидејќи само така ќе успееме да изградиме просперитетна иднина и подобар живот за сите граѓани во Република Македонија, истакнува Иванов.