9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Филипини: Бројот на загинати поради тајфунот Тембин достигна 240 лица

Бројот на загинатите поради тајфунот Тембин, што предизвика лизгање на земјиштето и поплави во јужните делови на Филипините, достигна до 240 лица, а многумина сѐ уште се водат за исчезнати.

Властите задолжени за справување со вонредни ситуации соопштија дека бројот на загинатите на полуостровот Замбоанга на јужниот остров Минданао изнесува 78 лица, додека во провинцијата Ланао дел Сур на истиот остров загинале 27 луѓе. Во северниот дел бројот на загинати изнесува 135 лица.

Се смета дека многумина се закопани живи и сè уште лежат под урнатините на куќите.

Најмалку 52 илјади души ќе останат евакуирани, а голем број луѓе останаа без своите домови.

Се очекува Тембин да достигне во наредните часови и до Виетнам.

Спонзорирано: