9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Скијачи со часови биле заглавени стотици метри над земја поради дефект на жичница на Алпите

Околу 150 скијачи поради дефект на жичница на француските Алпи во текот на вчерашниот ден останаа да висат стотици метри над земјата, заглавени во кабините.

На работниците во спасувачките служби им требало околу два и пол часа за да ги спуштат на земја, изјавила претставничката на локалната власт, Виолаин Демаре.

Во инцидентот во скијачкото одморалиште Чамурос во југоисточниот дел на Франција никој не бил повреден.

„Небото беше сино, а временските услови беа совршени“, рекла Демаре.

Во операцијата за спасување учествувале два хеликоптера.

Сè уште не е познато што предизвикало дефект во жичницата.

Локалните медиуми објавија дека кабините се движеле на околу 600 метри над земјата за да дојдат до височина од 2.200 метри.

Скијачкиот центар во моментов е посетен од голем број туристи поради божиќните празници и одличните временски услови за зимски спортови.

Спонзорирано: