10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Берлин: Маж влета со автомобил во седиштето на СПД

Германската полиција соопшти дека маж на возраст од 58 години се обидел да се убие влетувајќи со возило во седиштето на Социјалдемократската партија СПД во центарот на Берлин, при што се здобил со полесни повреди.

Како што се наведува, возилото минало преку првата стаклена врата на седиштето, а во него имало канистри со бензин и боци за плин. Од ударот настанал помал пожар, но автоматскиот систем за гасење пожар во зградата брзо го изгасил.

Полицијата не го објави името на лицето, а нејасно е и зошто го одбрал токму седиштето на СПД како своја цел. Тој е префрлен во болница, а случајот го истражува полицијата и државните безбедносни служби.

Спонзорирано: