8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Шилегов на закројување на бадниковите гранчиња, годинава без отворени огнови низ Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска присуствуваше на традиционалното собирање на бадникови гранчиња, кое се одржа во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно.

Тој ги повика граѓаните на Скопје да се воздржат од палењето отворени огнови за време на Бадник, апел којшто беше усогласен по петочниот работен состанок со градоначалниците на сите скопски општини. Тие донесоа заедничка одлука за забрана за доделување на дрва од општините за истата намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во град Скопје.

„Апелирам до скопјани да не се палат огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници, со цел да ја заштитиме животната средина, а и да го заштитиме амбиенталниот воздух. Да се посветиме на иднината и да водиме сметка за здравјето на децата“, посочи Петре Шилегов.

Во друштво на скопскиот градоначалник, присуствуваа кумот за овогодинешната прослава, Влатко Огненовски – Шеф, овогодинешниот здравичар, Стефан Хаџи Николов – Штеф, минатогодишниот кум Радко Манов, како и повеќе поранешни кумови, здравичари и свештени лица од МПЦ.

Шилегов на граѓаните на Скопје им пожели добра забава и пријатна празнична атмосфера.

„Ја продолжуваме традицијата на пресекување на бадникови гранчиња во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божик. Традиционално тука, на падините на Водно, во месноста Краста со пресекување на бадниковите дабови гранчиња кои се симбол на радоста и среќата, започнуваат подготовките за прославата на Бадник“, изјави градоначалникот Шилегов.

Оваа прослава традиционално се одржува по 26-ти пат и истата е во организација на Здружението за традиционална прослава на Бадник.