9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај против Специјалниот суд на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека е против основањето на Специјален суд на Косово. Приштинскиот весник ,,Зери, пишува дека Хајрадинај на синоќешната седница на раководството на неговата партија за Специјалниот суд за Косово истакнал дека е против судот.

,,Како во опозиција така и во позиција, партијата ААК и јас лично сме против Специјален суд. Ние не ги менуваме ставовите“ рекол премиерот на Косово.

Косовскиот весник „Експрес“ пишува дека пред два дена 43 пратеници во Собранието на Косово потпишале барање за укинување на Специјалниот суд, но постапката не е спроведена целосно, бидејки Претседателството на Собранието немала кворум. Против ова барање биле пратениците на Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување.

Истиот извор наведува дека зад оваа петиција стојат претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Рашум Харадинај и претседателот на Собранието Кадри Вејсели, кои е можно да се потенцијални обвинети од страна на овој Суд, кој е основан за истрага на одредени тврдења на Дик Марти, воени злостортства извршени од одредени раководители на УЧК за време и по војната на Косово.

Косовските медиуми ја пренесуваат изјавата на преседателот на Комитетот на Асанблеата за Косово во Србија, Милован Дречун, кој оценува дека стопирањето на Специјалниот суд за Косово, ќе го дестабилизира Косово.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вчера порача дека доколку дојде до укинување на Специјалниот суд на Косово, тогаш веднаш да се прекинат преговорите со Приштина.