14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Го изгубила мобилниот телефон во воз, на Фејсбук ја чекало изненадување!

Едно момче од Австралија пронашло Ајфон во воз, а потоа на многу оригинален начин и кажал на сопственичката на телефонот.

Човекот го пронашол телефонот, лесно ја пробил лозинката, влегол на Фејбук и напишал статус:

– Здраво Моника! Го пронајдов твојот телефон во воз, навистина би требало да ја промениш лозинката за отклучување, оваа може да ја погоди секој. Убава профилна слика! Се надевам дека убаво пристингна на својата дестинација. Во футролата од телефонот си оставила 50 долари и кредитна картичка. Ќе оставам се` како што беше и ќе додадам моја визит карта. Напишав статус на твојот профил за да знаеш дека твојот телефон е на безбедно и во добри раце, а и треба да се насмееме кога ќе се најдеме на пијалок. Е да, исто така влегов на твојот Тиндер профил и го додадов Лука, па можеш да го видиш профилот на искреното момче кое го пронајде твојот телефон. Пријатен ден! – напишал тој.

Можеби Лука подоцна навистина и се допаднал на Моника, а можеби се останало на примопредавање на телефонот…