Најмалку 90 луѓе загинаа а десетици се водат за исчезнати по тропската бура што ги погоди Филипини, соопшти полицијата и службите за вонредни ситуации. Невремето предизвика поплави и одрони на земјиштето. Најтешко е погоден островот Минданао, каде и сите од жртвите настрадаа.
„Се уште се обидуваме да ги потврдиме извештаите дека цело село е затрупано во одрон на земјиште, поради обилните дождови што ги донесе тајфунот“ изјави локален претставник во градот Тубод.
Спасувачки екипи се обидуваат да спасат некој живот, а во акцијата се вклучени и самите граѓани.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...