8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД ќе ѝ испорачаат оружје на Украина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобрила план за испорака на оружје на Украина, вклучително и противтенковски ракети „Џавелин“, соопштија американски претставници кои сакаа да останат анонимни, бидејќи не се овластени јавно да говорат за таа одлука, пренесе АП.

Овој чекор претставува дополнителна поддршка на украинската војска која се бори против силите, за кои САД тврди дека ги обучува и вооружува Русија. Одлуката за испорака на оружје на Украина, најверојатно ќе рпедизвика тензии кај Кремељ.

Стејт департменот засега не ја потврдува или негира веста за испораката на оружје, наведувајќи само дека САД планираат да ѝ пружат на Украина засилување на одбранбените капацитети, нарекувајќи ја таа помош исклучиво одбранбена.