17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски со потресен говор: Некои наши членови извршија предавство на партијата

Наши членови од различни причини извршија предавство на нашата партија, порача Никола Груевски. Како што рече, некои заради влошени односи со кандидатите за градоначалници, некои зошто не биле избрани за кандиати за советници, некои заради пари и поткуп, некои од страв да не бидат отпуштени од работата, а некои зошто не им била извршена 6-та работа која ја намислиле.

„Многу податоци се најдоа во рацете на нашиот противник како никогаш досега. СДСМ воделе тајна операција под името ВМРО. Новиот претседател и новото раководство не смее да го игнорира тоа. Да се казнат лицата кои не постапиле соодветно. Ако не го направи тоа ќе се повтори истото и може пак да ги изгубиме изборите. Потребно е добро да се проверат сите податоци за да не се направи грешка. ПОтребна е замена на демотивирани и опуштени партиски лица“ нагласи Груевски.