8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се ситни бројот на пратеници кои се зад ВМРО ДПМНЕ – еве кој пратеник наскоро ќе делува како независен

Амди Бајрам, лидер на Сојуз на ромите во Македонија наскоро би можел да биде независен пратеник.
Според информациите тој имал желба да се придружи на пратеничката група на ДУИ, но од оваа партија соопштија дека таква можност засега не постои.
Неговиот глас во Собранието би бил од големо значење за владината колација.
Инаку од партијата на Ахмети велат дека Амди Бајрам може да делува како независен пратеник без да е дел од никоја пратеничка група и како ќе настапува во Собранието, односно како ќе гласа ќе биде негова апсолутна слобода.
Амди Бајрам во минатото бил во коалиција и со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ.