4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајки низ Скопје – неколкумина завршија во болница

 Во текот на вчерашниот ден (21.12.2017 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле пет сообраќајни незгоди од кои две со телесни повреди и три со материјална штета.
При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Пет возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради технички неисправности од сообраќајот се исклучени четири возила. Во текот на изминатиот ден издадени се и 95 мандатни платни налози, додека 93 возила се подигнати со “пајак”.
Двајца возачи се санкционирани бидејќи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Поради нeправилно престројување се санкционирани двајца возачи а поради неправилно престигнување санкционирани се четири возачи.