20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вооружени разбојници украле црковни пари од 75-годишна жена

Двајца вооружени разбојници ограбиле црква во скопското село Катланово. Според полицијата, вчера во 16.10 часот граѓанин пријавил дека во црквa лоциранa на 150 метри пред Катлановска Бања, две лица вооружени со пиштоли, влегле во објектот каде што престојува Е.Ѓ. (75) од Гостивар (таа била служител на црковниот храм). Ѝ се заканиле на жената, ја седнале на столот и ѝ ги врзале рацете одзади и побарале да им ги даде парите.
Откако им кажала дека нема пари, сторителите ги зеле парите што биле собрани за црквата. Потоа на Е.Ѓ. ѝ ги одзеле синџирчето што го носела на себе и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.