14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двегодишно дете повредено во сообраќајна несреќа кај Челопек

Двегодишно дете и 17-годишник се повредени во сообраќајна несреќа во Тетовско. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 12.30 часот на локалниот пат во селото Челопек, Тетовско, меѓу возилото „форд транзит“, управувано од Н.З. (39), и „форд фиеста“, управувана од Б.Ф. (28) од село Челопек.

Во незгодата повреди добиле две малолетни лица, сопатници од возилото „форд фиеста“ на возраст од две и 17 години. Тие со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Спонзорирано: