5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН ја прогласија за неважечка одлуката на САД за Ерусалим

Генералното собрание на ОН на вонредна седница со 128 гласа ЗА и девет против, го прогласи американското признавање на Ерусалим за главен град на Израел за ништовно. Според информациите, 35 земји биле воздржани.
Претходно американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, се закани дека САД ќе го запаметат денот кога биле нападнати во Генералното собрание на ОН само затоа што го оствариле своето право на суверена земја, истакнувајќи дека никакво гласање во ОН нема да ја промени американската одлука за Ерусалим.
Таа на вонредната седница на Генералното собрание на ОН им се закани на 193 држави членки на ОН и на самите Обединети нации дека САД ќе го прекинат финансирањето кон нив, доколку Генералното собрание ја усвои резолуцијата со која одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалми се прогласува за ништовна и неважечка.