18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одложено судењето против Јанакиески за Сончев Град

Судењето за предметот „Топлик“, во кој е обвинет ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска беше одложено поради отсуство на дел од бранителите. Судењето е одложено за 30 јануари в година.
Бранителите што денеска беа отсустни биле ангажирани на судењето за предметот „Труст“ против Сеад Кочан, кое во кривичниот суд почна половина час пред судењето за „Топлик“.
Освен Јанакиески, во „Топлик“ се обвинети и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра за продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.
СЈО тврди дека, иако надлежната комисија во Министерството укажала дека не може да се продава земјиштето за Сончев Град во Сопиште, Јанакиески експресно формирал нова комисија, која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Бил склучен и купопродажен договор со фирмата „Сан сити“ во 2007 година, кoj четири години подоцна спогодбено бил раскинат. Во овој случај Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на специјалното јавно обвинителство.
Спонзорирано: