22.8 C
Скопје
25. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Мозаик

Барате работа? Се бараат нинџи – плата 1.400 евра!

Јапонија вработува нинџи – плата 1.400 евра. Сепак, доколку се одлучите да конкурирате за оваа работа, не плашете се, нема да спроведувате тајни задачи, ниту пак ќе извршувате атентати, туку ќе бидете туристички водич во кругот на древниот дворец Нагоја во префектурата Аичи.
Нинџите ќе треба да научат да вршат акробации својствени за нив, а ќе треба и да се фотографираат со туристите.
Исто така, нинџите не мора да зборуваат течно јапонски јазик, бидејќи презентациите ќе се изведуваат исклучиво на англиски.