Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално

Викендов во Скопје пајак-службата кренала 143 возила

Во текот на изминатиот викенд пајак-службата во Скопје кренала 143 непрописно паркирани возила, информира МВР. Сообраќајната полиција, пак, викендов казнила 97 возачи што го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, а 36 се исклучени од сообраќајот поради возење под дејство на алкохол и возење без возачка дозвола.
Од МВР информираат дека поради истечена регистрација, од сообраќај се исклучени 23 возила. Седум возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло и исто толку не дале првенство на минување. Поради нeправилно престројување се санкционирани 10 возачи.
Во однос на пешаците, преземени се мерки против двајца пешачи што поминале коловоз надвор од пешачки премин.
Викендов во Скопје се случиле 43 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, 22 со телесни повреди и 20 со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди, а 29 лесни.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе