Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Екстремистите уапсени во Грција планирале да го убијат Ердоган

Деветмината левичарски екстремисти, кои беа приведени од грчките власти во пресрет на посетата на Реџеп Таип Ердоган во земјата, планирале атентат врз турскиот претседател, пишува грчкиот весник „То вима“.
Повикувајќи се на извори од истрагата, весникoт истакнува дека деветемина осомничени биле припадници на турската Левичарска револуционерна организација DHKP-C и планирале убиство на Ердоган. Истрагата на грчката полиција покажала дека осомничените планирале да користат рачни бомби и шишиња со запалива течност за време на нападот.
Во терористичкиот план Ердоган бил споменуван со кодно име „Шкорпија“, пишува весникот. Се претпоставува дека групата планирала да го нападне конвојот на турскиот претседател од три страни.
Ердоган месецов оствари историска посета на Грција, прва од ваков вид на турски претседател за последните 65 години.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе