17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Најнова: Мерцедесот на Владата од 600.000 евра оди кај нов газда

Владата на вечерашната седница ја почна постапката за отуѓување на „мерцедесот“ од 600.000 евра на поранешниот премиер Никола Груевски.

Од Владата информираат дека е започната постапката за отуѓување на „мерцедесот“ на Никола Груевски, познат од бомбите кој вредеше 600.000 евра. Оа значи дека автомобилот премина во сопственост од МВР на Службата за заеднички и општи работи при Владата, по што ќе следува постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема.
Премиерот Зоран Заев на еден од митинзите во предизборната кампања рече дека дека ќе го вратат „мерцедесот“ на Никола Груевски и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.