12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски до Волер: Се притвораат уметници поради изразено мислење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Александар Николоски остварил средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP) Патрик Волер, информира опозицијата преку соопштение испратено до јавноста.
На средбата станало збор за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со семејството на Европската народна партија како и за актуелните случувања во државата.
Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочена соработка со Европската народна партија и изразил задоволство од досегашните односи кои го покажуваат потенцијалот за развивање на понатамошните односи, а со тоа и ползување на таквата соработка за интересите на Република Македонија во остварување на нејзините стратешки приоритети како што е членството во ЕУ.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Груевски накратко го запознал соговорникот со актуелните случувања на политички и економски план. Посочил дека во Македонија има ‘газење на правната држава и демократијата и дека се врши класичен политички прогон и реваншизам на партиска основа’.
„Се притвораат уметници само поради изразено мислње, а притоа се теретат за непостоечки дела како што е тероризам. За жал стануваме држава каде наместо со демократија се владее со страв и кршење на основните човекови права, спротивно на основните европски и универзални вредности. Македонија е земја каде се прогонуваат актери, уметници, режисери, инжињери и каде власта уапси 12 осто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 осто од вкупниот пратенички состав“, посочил Груевски на средбата.
Тој додал дека Македонија станува заробена држава, а главната цел на таквиот напад е ВМРО-ДПМНЕ.