14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ако на улица пиете од шише или лименка ќе платите казна од 750 евра

Туристите во шпанското одморалиште Ибица ќе се соочат со парична казна до 750 евра доколку на улица бидат забележани дека пијат било што, па дури и вода.

Одморалиштето се обидува да ја отстрани репутацијата засолниште за пијаници.

Властите не сакале да ги забранат алкохолните пијалаци туку вовеле забрана на пиење на сите видови течности на улица.

– Бидејќи во полиција е тешко да разликуваат дали туристите пијат алкохол или безалкохолни пијалаци било неопходно да се усвои директна забрана, соопштија властите.

Паричната казна од 750 евра е предвидена за секој кој ќе биде фатен да пие пијалак од шише или од лименка.