17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Зошто на речиси сите патенти стои ознака YKK?

Погледнете ги патентите и уверете се – сите, или повеќето, имаат ознака YKK на делот кој се повлекува.

А што значат тие три букви и зошто ги има секаде?

Буквите YKK означуваат Yoshida Kagyo Kabushikigaisha, акционерско друштво Yoshida Manufacturing.

Мудриот бизнисмен Tadao Yoshida основал компанија за производство на патенти во Токио 1934. година, одлучувајќи се да се фокусира само на еден едноставен производ.

Светската компанија која работи во 71 земја, го проширила своето производство на сите видови патенти и некои други материјали, но камен темелникот на индустријата е патент затварач, пренесе Радио Сарајево.

Според една проценка, YKK прави половина од патентите на светот, со повеќе од седум милијарди годишно.

Затоа и на вашиот патент затварач пишува YKK.