17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Синот ја растурил клупата на покојниот татко: Кога ја свртел, пронашол скриена порака!

Пред неколку месеци, таткото на ова момче починало. Кога почнал да ја расклопува клупата која неговиот татко ја направил за неговата мајка, пронашол скриена порака која ја споделил на интернет.

„Мојот татко почина на 26 февруари на 51 година. Ја направи оваа клупа за мојата мајка, а ова е пораката која ја пронајдов под неа:

Те сакам Бека. Кој и да е овој ден, се надевам дека е добар. Бог ги слушна моите молитви и ми те даде тебе. Знам дека ова се најдобрите денови кои некоагаш ќе ги имам и драго ми е што ти си во нив. Не сум сигурен дали ова некогаш ќе го прочиташ, но ако го прочиташ, знај дека многу те сакам. Ако постои едно нешто кое го сакам во животот тоа е да бидам добар кон тебе, како што си ти кон мене. Ако успеам во тоа, ќе бидам најсреќниот човек на светот.

Те сакам, мој прекрасен животе.“

Трагедија е што жената прв пат ја прочитала оваа порака дури откако нејзиниот сакан сопруг починал. Но ова ќе го помни засекогаш, колку само била сакана…