20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европскиот парламент ја одби забраната за гиро и шиш-ќебапи

Европскиот парламент денеска не изгласа забрана за употреба на месото што се користи за подготовка на гиро, донер и шиш-ќебап.
Приговорот за користење  фосфат во месото не го собра потребното мнозинство, што значи дека во ЕУ и понатаму ќе се продаваат овие специјалитети. За усвојување на забраната недостигале три гласа, објави ЕП.
Фосфатот се користи во замрзнатото месо затоа што обезбедува подобра кохезија на различните компоненти и без него месото би се исушило.