10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Завршена постапката за екстрадиција на Пучдемон

Белгиското судство прогласи крај на постапката за екстрадиција против поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон и четворица други членови на регионалната влада на Каталонија кои се во Белгија.
Претходно, Шпанија го повлече барањето за екстрадиција.
„Белгискиот судија официјално прогласи крај на постапката бидејќи барањето беше повлечено“, рече адвокатот на Пучдемон, Пол Бекерт, и додаде дека се повлечени и налозите за апсење, по ненадејната одлука на шпанските власти за прекинување на постапката, донесена на 5 декември.
Поранешниот каталонски лидер во моментов ја води кампањата на неговата партија за предвремените регионални избори во Каталонија што ќе се одржат на 21 декември.
Инаку, Каталонија прогласи еднострана независност на 27 октомври годинава.
Спонзорирано: