14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Деновите против насилството врз сексуалните работници ќе бидат одбележани со повеќе настани во Скопје

Серија настани за поддршка на сексуалните работници во рамки на Деновите против насилство врз сексуалните работници ќе организираат коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и организацијата СТАР-СТАР.
Најпрво в петок, 15 декември, ќе се одржи предавање на Лора Агустин, авторка на книгата „Секс на маргините“, која прикажува како сексуалната индустрија функционира како несигурен пазар на труд за жените, вклучувајќи ги и недокументираните мигранти. Во оваа книга се наведува спасувачката индустрија, моралните претприемачи кои тврдат дека зборуваат за сите жени кои продаваат секс и ги претвораат во жртви на трговија со луѓе. Книгата побива неколку митови: дека продажбата на секс е сосема поинаква од која било друга работа, дека мигрантите кои продаваат секс се пасивни жртви и дека мноштвото луѓе за да ги спасат, се без личен интерес. Предавањето е во организација на Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Институт за етнологија и антропологија, а поддржано од „Фондација отворено општество – Македонија“ и Civica Mobilitas.
На 16 декември (сабота) ќе се одржи уметнички перформанс Skopje Red Light District кој го отсликува шармот на улицата на фенерите во Амстердам.  Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот. Уметничкиот перформанс ќе трае и ќе може да се погледне од 17 до 22 часот на булевар „Климент Охридски“ до клубот „Вулкан“.
В недела,  17 декември, граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“ од Скопје, по деветти пат со слоганот „Слободниот избор е право, а не привилегија” ќе приклучи кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, преку т.н. „марш на црвениот чадор“.