8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев-Харадинај: Односите на Македонија и Косово се добри

Билатералните односи помеѓу Македонија и Косово се добри и се насочени кон европските перспективи. Оваа оценка денеска во Приштина ја изнесоа премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Косово, Рамуш Харадинај.

Заев по средбата со Харадинај пред новинарите истакна дека ,,Косово може да очекува подршка од Македонија во сите процеси“.

Во врска со случајот со Диво Насеље, Заев рече дека тие настани не ги испровоцирал ниту тој, ниту Хајрадинај, и додаде дека ќе следи меѓународна истрага со цел на виделина да излезе вистината.

Премиерот на Македонија Зоран Заев, во Приштина допатува со неколку министри од Владата, а се очекува да оствари и средба со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Косовските медиуми даваат нагласен публицитет на посетата на македонскиот премиер на Косово и особено истакнуваат дека се работи за прва посета на еден македонски премиер на Косово .

к.м.