Принцот Филип, сопруг на британската кралица Елизабета Втора, на Бадник e пуштен од лондонската болница каде што помина четири дена поради инфекција.
Војводата од Единбург, како што гласи официјалната титула на принцот Филип (98), излегол од болницата „Крал Едвард VII“ и влегол во автомобилот со кој го одвезле.
Принцот Филип беше примен во болница поради мерки на претпазливост, соопшти Бакингамската палата.
Британската кралица и принцот Филип се во брак 72 години./Makfax
Спонзорирано: