Во согласност со указот на министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, германската полиција започнала построги контроли на сите нивни државни граници, а за првпат на границата со Полска.
По нелегалното враќање на водачот на криминален клан протеран од Германија, кој со помош на шверцери се вратил и поднел барање за азил, Зехофер наредил полицијата да извршува построги гранични контроли и, пред сè, да фаќа лица на кои им било забрането влегување во земјата.
Поставени се гранични контроли помеѓу Германија и Австрија од бегалската криза, а со новата мерка се воведени контроли на сите германски граници, како и на Полска, каде што за првпат од укинувањето на границите беа извршени гранични контроли./Makfax
Спонзорирано: