Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Отворени се 50 илјади работни места во Македонија, а минималната плата скокна за 60 отсто

Отворивме нови 50 илјади работни места, невработеноста е на најниско историско ниво од 17.5 отсто рече заменик претседателката Шекеринска на граѓанската трибина „На прав пат“ во Берово.

-Но, не се само работните места. Ги покачивме и платите. Минималната плата порасна неколку пати, вкупно за 5.500 денари. Тоа е зголемување од над 60%. Ќе продолжиме и понатаму затоа што трудот на работниците мора да се цени. Затоа, очекувам наредната година ново покачување на минималната плата, рече Шекеринска.

Заменик претседателката на СДСМ пред беровчани додаде дека единствени против покачувањето на минималната плата се ВМРО-ДПМНЕ, но концептот на СДСМ за враќање на парите кај граѓаните дава одлични резултати и ќе продолжиме по вистинскиот пат.

-Единствени кои беа против покачувањето на платите беа ВМРО-ДПМНЕ. Ние покажавме дека може, дека не треба да се даваат пари за споменици и жални врби туку за граѓаните. Покрај минималната плата ќе го имаме и на пакетот дополнителни реформи со кои ќе покажеме дека растат и на пензиите. Просечната плата дополнително порасна за 2 илјади денари и тој тренд ќе продолжи, рече Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата утрово?

ДЕСК

Апасиев поднесе тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Едно лице се бори за живот, откако грубо бил претепан со тупаници и водоводџиски клешти се додека не паднал во бесознание – За двајца се очекува притвор

ДЕСК